Жбогар: Дијалогот на полиичарите да се одржува во Собранието

by fokus

Дипломатите не можат да решаваат за политичките прашања во земјава. Тоа е во надлежност на нивните лидери, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар.

На прашање како ги коментира повиците за одржување лидерска средба, евроамбасадорот рече дека дијалогот меѓу партиите треба да се одвива во институциите.

– Сметам дека секогаш е добро лидерите да комуницираат, нормално е тие да имаат контакти. Парламентот заседава и сметам дека таму имаат многу шанси за да дискутираат за проблемите. Сепак, би истакнал дека за нормално функционирање на државата, важно е да постои дијалог во институциите и да се гради авторитетот на институциите. Собранието е една од тие институции, а дијалогот меѓу партиите треба да се одвива таму – рече Жбогар.

 

Поврзани новости