Поповски: За избори не може да решава некој што е надвор од Македонија

by fokus

Не мислам дека решението за тоа дали ќе има избори и кога тие ќе се случат треба да го носи некој надвор од Република Македонија , изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски кој денеска во Брисел имаше средби со повеќе европратеници и учествуваше на конференцијата во Европскиот парламент посветена на жртвите од Холокаустот, јави дописникот на МИА.

-Тоа е решение што треба да го донесеме во Република Македонија и единствениот начин на кој можеме да се договориме околу тоа е низ демократските институции. Со други зборови, Собранието на Република Македонија одлучува, граѓаните на Република Македонија имаат право да дадат мандат за таква одлука, порача министерот Попоски од Брисел.

Во Законодавниот дом на Европската унија, шефот на македонската дипломатија се сретна со европратениците Дубравка Шуица (потпретседател на Комитетот за надворешни работи на ЕП), Кнут Флекештајн, Маријана Петир, Едвард Кукан и многу други пратеници во Европарламентот. Според него, во делот на тоа што се очекува како помош од Европскиот парламент, неговата порака до нив била едноставна.

– Првата точка е да се помогне во враќање на европската перспектива за Република Македонија која во изминатите години, покрај многубројните препораки, како да исчезна од хоризонтот и на некој начин помогна да се наметне агендата на борба со една политичка кризна ситуација. Решението и за изборите и за надминување на кризата, мора да биде низ македонските институции и во рамките на еден демократски процес, рече Попоски.

Пораката, пак, од Европарламентот била дека се очекува да се даде поддршка за една повидлива иднина во делот на започнување на процесот на преговори со Република Македонија. Според Никола Попоски, тоа е нешто што долго време е препорачано, но не е реализирано и истото е извор на голем дел фрустрации за македонското население.

Поврзани новости