Жаклина Пешевска останува во домашен притвор

by fokus

Пратеничката Жаклина Пешевска и покрај поднесената жалба останува во домашен притвор, потврдија од Апелација за Фокус.

-Загрозена е мојата и здравствената состојба на моите три малолетни деца.  Не можам да повторам дело кое не сум го извршила. Ниту ги имам загрозено животите на пратениците, а ни безбедноста на мјојот народ. За полицијата не важеше мојот пратенички имунитет. Бев држена 16 часа со лисици на рацете во судот, рече пред Судот Пешевска.

 

Поврзани новости