Жаки до Тодоров: Ако се искапеш во Дојран, јас ќе влезам со тебе и тоа топлес!

by fokus

Моделот и поранешна водителка од Прилеп, која што на јавноста и е позната по уметничкото име Жаклина Жаки, има уникатен предлог до министерот за здравство, Никола Тодоров.

По повод неговата изјава во медиумите, дека водата во Дојран е добра за капење, и покрај предупредувањата од страна на Институтот за јавно здравје, Жаки Жаклина јавно, преку ,,Фокус,, му предлага  – Ако ти влезеш да се искапеш во Дојран, и јас ќе влезам со тебе, и тоа топлес!

,,По сите стории и фотографии од Дојранско Езеро, не би влегла во водата со мирно срце, затоа што се плашам за своето здравје. Ме изненади самоувереноста на министерот Тодоров, и неговото негирање на сите предупредувања, па затоа, би влегла во водите на Дојран, само ако и тој дојде да се искапе со мене. И тоа би го направила дури и топлес, пред камери. Подобра реклама за езерото – здравје Боже, не знам дали ќе може да смисли било кој друг,, – вели атрактивната прилепчанка.

zaklina4

Таа додава дека додека Тодоров не влезе во Дојранско Езеро, планирала да оди само на прилепското Памук Кале, малото мермерно езерце кое што е атракција за прилепчани во периодов.

,,Нема споредба помеѓу мермерното езерце во Прилеп и Дојранското Езеро. Кај нас водата е бистра, тиркизна, се гледа дека е чисто, па затоа и привлекува се повеќе посетители и капачи. За разлика од прилепското Памук Кале, водата во дојранско е матна, и човек не треба да биде експерт, министер за здравство, или пак вработен во било каков научен институт, за да ја забележи разликата. Но штом министерот вели дека капењето во Дојран е безбедно, еве прилика да го докаже своето тврдење, и двајцата заедно да влезиме во езерото, и тоа пред очите на јавноста, која што ќе има можност да ужива во пливачките способности на министерот, но и во моите атрибути истовремено,, – порача Жаклина.

zaklina voditelka

Таа има триесет и две години и се има појавено во неколку спотови на наши пејачи. Соработува со австралиската  ИН ТВ и е модел за повеќе брендови.

Вики Клинчарова

Поврзани новости