Словачка испрати уште 25 полицајци на македонско-грчката граница

by fokus

Нови 25 словачки полицајци се распоредени на македонско-грчката граница за да им помогнат на македонските колеги за справување со бегалската криза. Тие се дел од третата мисија во земјава, чие комплетирање е предвидено за 24 јули.

Според агенцијата СИТА, словачката полиција разговарала со македонските колеги за можноста да се испратат дополнителни полициски сили во Македонија и во септември и во декември.

Овие полицијаци носат своја словачка опрема, се возат во словечки полициски возила, но според македонските закони, секогаш се придружувани од свои македонски колеги.

Поврзани новости