Зградата во која денес се всели министерството за политички систем е започната со градба во 2015 година, а беше спремна за вселување уште во 2017 година. СДСМ чекаше буквално 4 години, можеби со мисла дека народот ќе заборави дека истата е градена во време на ВМРО-ДПМНЕ, реагира опозицијата откако власта денеска ги промовираше новите простории на Владата.
-СДСМ од инает не влегуваат во нови згради, затоа што тие се градени од ВМРО-ДПМНЕ, а од инаетот на СДСМ страдаат вработените во институциите, граѓаните и буџетот. Tоа што ВМРО-ДПМНЕ го изгради, Заев не може да го искречи. Власта плаќа кирии за стари објекти, повеќе пари за греење и други трошоци затоа што Заев не може да се помири со фактот дека ништо не направил, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.