Зградата на МЕПСО за две години поскапела за 1,1 милион евра, ќе се истражува зошто била одбиена поевтината понуда

by fokus

Основното јавно обвинителство ќе истражува дали има криминал во тоа што при купување на зградата во центарот на Скопје, државната компанија МЕПСО платила 1,1 милион евра повеќе од понудената сума две години пред да се изврши купопродажбата. Станува збор за објектот кој во меѓувреме беше преслечен во барок.

Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, денеска изјави дека Владата го препратила до Основното јавно обвинителство извештајот на државниот ревизор, каде се констатирани незаконски дејства од претходното раководство на компанијата. Според Бошњаковски, одговорните во МЕПСО во 2011 година одбиле понуда за откуп на имотот во износ од 3,7 милиони евра, за две години подоцна да го купат имотот за 4,8 милиони евра.

Фасадната реконструкција на објектот почна во 2013 година, со што МЕПСО го доби барокниот изглед препознатлив за проектот „Скопје 2014“. Градежните работи чинеа околу 11 милиони евра.

Поврзани новости