Зголемен бројот на сомнителни финансиски трансакции во Македонија

by Фокус

Годишниот извештај за работата на Управата за финансиско разузнавање за 2015 година, објавен во февруари оваа година, открива дека до Управата биле доставени вкупно 174 извештаи за сомнителни трансакции, односно за трансакции за кои постои сомневање дека преку нив било извршено перење пари или финансирање тероризам или е направен обид за тоа.

Од извештаите примени во Управата, 125 извештаи се доставени од банки, 22 извештаи – од даватели на услуги за брз трансфер на пари и субагенти, а останатиот број на извештаи се доставени од други субјекти.

„Од статистичките податоци забележан е тренд на зголемување на бројот на примени сомнителни трансакции во 2015 година во однос на 2014 година и 2013 година“, стои во извештајот на Управата, објави Академик.

Поврзани новости