967
Возниот ред на автобусите од јавниот превоз утре и задутре ќе биде изменет поради празниците 24 Мај-Денот на „Св. Кирил и Методиј“ и 25 Мај-Духовден, соопшти денеска ЈСП Скопје.
Утре (четврток) автобусите ќе сообраќат по неделен возен ред, а задутре (петок) ќе важи саботниот возен ред.
– Во петок, сабота и недела, ЈСП Скопје ќе го зголеми бројот на поаѓања кон гробишта Бутел од Карпош, Ново Лисиче, Кисела Вода и во зависност од потребите на граѓаните ќе бидат ангажирани дополнителен број автобуси во периодот од 5 до 14 часот, информира ЈСП – Скопје.