372
Тешките услови и ниските температури ги попречија спасувачките напори во Турција и Сирија, еден ден по силниот земјотрес што го погоди регионот, при што загинаа најмалку 4.300 луѓе.
Во Турција загинаа повеќе од 2.920 луѓе, а се стравува дека бројот на жртви може да надмине 20.000. Меѓународните спасувачки мисии, кои пристигнаа во Турција и Сирија, работеа во текот на ноќта за да пронајдат преживеани.
Во текот на целата ноќ во Турција тлото се тресело, а најсилниот земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран утринава околу 4 часот наутро.
Разорните земјотреси кои вчера ја потресоа областа ја уништија и инфраструктурата, а беа урнати повеќе од 5.000 згради.
Некои патишта се непроодни поради уништување.