Видео: Нова зграда во Турција се сруши како кула од карти

by fokus

Разорните земјотреси што во понеделник рано наутро ги погодија Турција и Сирија, со магнитуда 7,8 и подоцна, малку послаб од 7,5, уриваа згради како да се од хартија.

Некои од зградите кои се урнаа за неколку секунди се новоградба.

Така, од турскиот град Малатија објавено е видео на кое се гледа уривање на новоизградена зграда во провинцијата Кахраманмарас по земјотресот.

Видеото предизвика бројни коментари на социјалните мрежи од гневни луѓе кои бараат одговорност од локалните власти, министерствата, инспекциите, изведувачите, инвеститорите и сите други вклучени во градежниот процес.

Поврзани новости