Времето денеска сончево и студено, со температури до -7

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево, но студено. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата наутро ќе биде од – 15 до -3 степени, а во текот на денот -7 до 4 Целзиусови степени.

Во Скопје времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до 2 Целзиусови степени.

И утре, според УХМР, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринските температури утре ќе бидат од од -16 до -5 степени, а во текот на денот од -6 до 5 Целзиусови степени.

Поврзани новости