Земјотресот од 4,6 степени по Рихтер што ја погоди Бугарија почувствуван во Берово и Пехчево

by Fokus

Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот што е регистриран денес во Бугарија, почувтствуван е и во Македонија, поточно во Пехчево и Берово е со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

„Tелеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 14 часот и 26 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 280 километри источно од Скопје, Република Бугарија и е со Рихтерова локална магнитуда M L 4.6.

Поврзани новости