Земјотрес во Полска

by Fokus

Земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала доцна попладнево е регистриран во југозападниот дел на Полска.

Земјотресот се случил во 18.35 часот на длабочина од 15 километри под површината на земјата, со епцентар во реонот на местото Гребоцице, на 13 километри североисточно од полскиот град Полковице и на 209 километри североисточно од чешката престолнина Прага.

Нема информации за жртви или предизвикани материјални штети.

Поврзани новости