Ахмети од Охрид: На 30-ти септември се гласа за мир

by Fokus
Демократската Унија за Интеграција денеска одржа средба со граѓаните во Охрид каде во рамките на кампањата за референдумот ги запозна граѓаните во врска со причината зошто на 30 септември треба да се гласа ЗА Македонија во НАТО.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети рече дека 30 септември е историски момент кој ги соединува сите граѓани на Република Македонија.
“Сите го сакаат мирот, а на 30 септември се гласа за мир, сите ја сакаат иднината, а на 30 септември се гласа за иднината, сите ја сакаат стабилноста и затоа на 30 септември треба да се гласа за стабилноста не само тука, кај нас, но и во регионот. Нема безбедна Европа без мирен Балкан. Мирот и стабилноста се гласаат на 30 септември, истотака и иднината. Затоа, треба сите да комуницирате со вашите сограѓани од сите заедници за да не се двоумат и воздржат, туку на 30 септември да гласаат за Европска Македонија”, рече претседателот на ДУИ, Ахмети.
Во рамките на информативните активности за референдумот кој ќе се одржи на 30 септември, во Охрид заедно со претседателот на ДУИ присуствуваа и пратеникот Агим Шакири и заменик  министерот за здраство, Асим Муса.

Поврзани новости