Земјотрес во Албанија – почувствуван и во Македонија

by Fokus

Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во Албанија, во 23:37 часот по локално време, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот бил на 128 километри југозападно од Скопје, во Албанија. Земјотресот бил на длабочина од 8 километри.

Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки институт, епицентарот на земјотресот бил на 22 километри североисточно од Елбасан и на седум километри западно од градот Либражд. Бил почувствуван во западниот дел на земјава.

Нема информации за повредени лица или за причинета материјална штета.

Поврзани новости