500
Земјотрес со локална магнитуда од 3,7 степени според Рихтер утрово е регистриран во соседна Република Албанија, а е почуствуван од населението во југозападните делови на нашата земја со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Земјотресот, како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, се случил во 06:30 часот, на 155 километри југозападно од Скопје во соседна Република Албанија, а потекнува од пограничното епицентрално подрачје Корча.