Скај Сити висококатниците покажаа голема отпорност на земјотрес. Со денешното испитување се покажа дека овие највисоки згради во Македонија имаат одлична отпорностна вештачки произведен земјотрес со магнитуда од 4 степени.
– Нашата градба беше вршена под постојан надзор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија. Нивната експертиза искомбинирана со нашето големо искуство во ваков тип на градбирезултира со денешнатапотврда дека и во Македонија се можни високи градби со голема издржливост. Денеска и практично се докажа зошто овие 40 катници се најсигурни во Македонија – изјави генералниот менаџер на Џеваир Македонија, Есер Џеваир.
Испитувањето се вршеше со техника на принуден земјотрес што се спроведува со вибратори кои произведуваат 5 тона хоризонтална сила. Неколкуте поставени вибратори се движат во круг и се влегува во резонанца произведувајќи вибрации како вистински земјотрес со магнитуда од 4 степени. Во зградата беа поставени 200 мерни точки од каде се добива прецизна геометриска слика за движењето на зградата под дејство на вештачкиот земјотрес.
– Кога станува збор за локални земјотреси, повисоките згради имаат поголема флексибилност на издржување со оглед на тоа што периодaтa на конструкциите е на 2 секунди, а кога станува збор за Скопските локални земјотреси тие имаат периодa од 0,3 до 0,5 секунди што значи дека локалните земјотреси потешко или воопшто не ни ги побудилеваквите згради. Затоа и повеќепати изјавувам дека високите згради се препорачливи како градби за Скопје и за останатите градови. Овие пак згради се поосетливи на далечни земјотресикои поради нивната мала енергија нема да имаат разорно дејство – изјави професор д-р Михаил Гаревски, директор на Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.
Со тестирањето се испитуваат динамичките карактеристики на зградите, што претставуваат нивна лична карта за безбедност, посебно во услови на земјотрес. Ваков тип на испитување е вршено и на Transаmerica пирамидата во Сан Франциско.