Вељаноски: Не свикувам седница, зашто тоа е противуставно

by Фокус 14:06
14:06

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски нема да свика седница на Собранието за да ја отповика одлуката за распишување избори на 5 јуни, како што побара денеска од него лидерот на СДСМ, Зоран Заев, зашто смета дека тоа би било грубо кршење на Уставот.

– Согласно членот 63, став 6 од Уставот, цитирам: ‘Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници’. Во контекст на ваквата уставна одредба, сакам уште еднаш да потенцирам дека пратениците од осмиот состав на македонскиот парламент, ваква одлука со значително мнозинство веќе донесоа, односно тие се распуштија. Тоа во суштина значи дека било какво свикување седница на која би присуствувале пратеници кои самите веќе донеле одлука за свое распуштање е во целосна спротивност со Уставот како највисок правен акт во државата. Во оваа смисла, сакам да и укажам на македонската јавност дека највисоката институција за оценка на уставноста – Уставниот суд уште пред една деценија има расправано и одлучувано во врска со споменатото прашање при што, крајно логично заклучува дека, цитирам: ‘со Уставот не е утврдено мандатот на пратениците во Собранието да продолжи во случај на распуштање на Собранието, ниту е предвидено во таков случај тие да продолжат со должноста’.

- Advertising -

Врз основа на споменатото, повеќе од јасно е дека уставните норми што се однесуваат на почетокот, траењето и завршувањето на мандатот на пратениците се сосема јасни и недвосмислени, при што секое свикување седница на веќе распуштено Собрание, би претставувало грубо кршење на Уставот на Република Македонија“.

 

Поврзани новости