Кирацовски: ГДОМ им се заканува на цели семејства во Охрид да одат на митинг

by Фокус 12:37
12:37

Најостро ги осудувам сите притисоци и уцени за политички цели врз вработените во јавниот сектор, реагира дополнителниот заменик  министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски.

– Имам должност и обврска да ја информирам јавноста дека во текот на вчерашниот ден и денес (20.04.2016 год), во Општина Охрид се вршат масовни притисоци врз вработените во институциите на јавниот сектор, за истите да присуствуваат на собирот на ГДОМ.Имено, на вработените во јавниот сектор во Охрид, им се врши политички притисок и им се закануваат со дисциплински постапки, отказни решенија, слаби оценки преку оценувањето на администрацијата итн. Целта е под присилба, да присуствуваат на денешниот собир во организација на ГДОМ. Заканите одат до таа мера што се бара цели семејства да присуствуваат на собирот под притисок дека ќе бидат евидентирани со фотографирање. Со ваквото свое однесување одговорните и раководни лица ги прекршуваат законските прописи во Република Македонија, според кои административните службеници се „сервисно ориентирани“ и „политички неутрални – се вели во соопштението.

- Advertisements -

Поврзани новости