Земјотрес со јачина од 5,3 степени во Скопје, граѓаните на улица

by fokus 16:25
16:25

Попладнево нов посилен земјотрес го стресе Скопје. Во 15:10 часот се случи земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер со епицентар на 7 километри од центарот на Скопје. Земјотресот беше почувствуван во цела Македонија, но и во Србија и Косово.

Граѓаните во паника ги напуштија своите домови, особено оние во зградите и сега седат по парковите. Беше евакуиран и трговскиот центар Капитол во Аеродором.

По зградите има и распукани ѕидови. Во Веро во Аеродром од јачината на тресењето паѓале и продизводи од рафтовите.

ФОТО: Драган Таневски

14264012_1117868364947364_1538879478555300382_n

 

Поврзани новости