Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е почувствуван попладнево во Крагуевац, објавено е на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод (РСЗ).
„Во 19 часот и 25 минути по локално време е регистриран земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала во регионот на Крагуевац. Теоретскиот интензитет во епицентарот е проценет на V степен по Меркалиевата скала. Земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат многу мали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје“, соопшти РСЗ.
Во регионот денеска е почувствуван уште еден земјотрес. Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Босна и Херцеговина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.
Засега нема информации за евентуална материјална штета, пренесува Klix.ba.
#Earthquake (#земљотрес) possibly felt 56 sec ago in #Serbia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/bKBgMenA4F
🌐https://t.co/44vngdM2ty
🖥https://t.co/OSr2jaub9Y
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/cSPvBviYVx— EMSC (@LastQuake) July 11, 2023