518
Земјотрес со интензитет од 6,3 степени ја потресе синоќа американската држава Алјаска.
И покрај тоа што епицентарот на земјотресот бил на оддалечените Андреановски Острови, тој се почувствувал во градот Адак, кој е оддалечен околу 150 километри.
Земјотресот бил на длабочина од околу 11 километри, посочува Сеизмичкиот институт на Алјаска.
Нема информации за повредени или нанесена материјална штета.