Шуто Оризари се дави во отпад, пцовисана овца оставена во ѓубрето

by fokus 09:55
09:55

Неподнослива смрдеа се шири од депонија долга околу 100 метри на улица во општина Шуто Оризари. Таа се наоѓа во непосредна близина на една трговска фирма, а помеѓу отпадот може да се забележи и пцовисана овца која предизвикува огромна смрдеа во оштината.

Како што ни раскажаа очевидци, локалната самоуправа и општината го чистат отпадот секој ден, но несовесните жители продолжуваат со загадувањето на јавниот простор.

- Advertisements -

Од друга страна, градоначалникот на општината, Курто Дудуш пренесе дека и полицијата ќе се вклучи за санкционирање на несовесните граѓани кои фрлаат ѓубре низ улиците на Шутка.

„После сите мои апели и молби да престанат несовесните граѓани да создаваат диви депонии во срцето на општината и после неуморната 24 часовна работа на службите за комунална хигиена на општина Шуто Оризари на терен, резултат немаше.

Апелите од мене како градоначалник ќе продолжат, ќе продолжат и комуналните работници да си ја вршат работата, но од денес вклучуваме и нов сојузник во нашата борба за чиста општина – полицијата.

Денес го имавме и првото официјално регистрирање на граѓани кои фрлаат отпад од страна на полициски службеници. Истите ќе си одговарат пред правдата по основ на неколку закони кои ја регулираат животната средина и јавната чистота. Апелите со месеци ни беа во насока да ги спречиме ваквите ригорозни мерки, но после сите потрошени ресурси на општината и човечки и временски и финасиски повторно резултати минимум.

Нека им биде пример денешната акција на несовесните граѓани, дека полесно е да пријават во општина да им се помогне околу сервисирање на нивниот отпад отколку да бидат јавно објавени и спроведени од полицијата.

Шуто Оризари ќе биде чиста општина“, напиша градоначалникот на својот профил на Фејсбук.

 

Поврзани новости