„Земјоделецот“ и претседател Додик тежи 1,5 милиони евра

by Фокус

Претседателот на Република Српска, Милорад Додиќ, кој сега се кадидираше за втор мандат пријавил имот од околу 1,5 милиони евра во кои влегуваат три стана и две куќи.

Потточно тој навел дека имотот му вреди 1,432 милиони евра, а во во него влегува куќа вредна од 869.000 евра која ја издава под кирија и од неа заработува 50.000 евробанкноти. Понатаму, претседателот на Република Српска има и стан и уште една куќа во близна на Баља Лука вредни 150.000 евра и два стана во Србија. Вози автомобил од 2006 година кој сега вреди 20.000 евра, додека покрај овој имот Додик годишно инкасира 24.000 евра од претседателската плата и 50.000 евра од земјоделство.

Неговата сопруга пријавила имот од 109.000 евра, додека син му фирма има која се занимава со земјоделство за која босанските медиуми пишуваат дека се проценува на вредност од преку милион евра.

Додик е познат по својот автократски стил на владеење и по притисоците врз медиумите, за што редовно добива критики од претставничката за слобода на медиумите на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ. Која е позната и на македонската јавност по преписките со премиерот Никола Груевски на истата тема.

Неговата партија Сојузот на независни социјалдемократи на почетокот од оваа година на својот сајт објави имиња не неколку медиуми, пред сѐ портали, кои ги нарече странски агенти и ги обвини дека го подриваат уставниот поредок на државата.

Поврзани новости