Власта молчи, донаторот жив го нема, спомениците се градат!

by Владо Апостолов 12:47
12:47

Наголемо се градат петте споменици што наводно ги донира Здружението на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин. Четири од петте постаменти ги гради „Бауер БГ“, компанија за која во 2012 година „Фокус“ пишуваше дека редовно добива тендери од Градот Скопје.

Тогаш објавивме дека за три реконструкции, Град Скопје преку тендер ја избирал фирмата „Бауер БГ”, која имала и најевтина понуда, но, по анекс-договорите кои биле склучени поради непредвидливи трошоци, понудата на оваа компанија на крај излегува дека е најскапата. Оваа компанија ја гради и новата фасада на Владата.

- Advertising -

Еве како изгледа почетокот на градбата на спомениците на Андон Лазов Јанев – Ќосето, спроти Мавровка, и на Никола Петров Русински кај Универзитетската библиотека.

 

Споменикот на генералот Михајло Апостолски веќе се гради кај клучката Континентал.

Наголемо се градат и спомениците на Пере Тошев и на Ѓорѓи Сугарев – единствениот споменик чиј постамент не го гради фирмата „Бауер БГ“.

Донаторот на петте споменици, Здружението на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, чиј претседател е 73-годишниот Ташко Јованов, иако вети, се уште се нема огласено во јавноста и одбива да одговори – од каде ова здружение има толку средства за да ги плати петте споменици.

„Фокус“ веќе објави дека ова здружение од 2009 година па наваму, секоја година добивало грантови од Владата за поддршка на еден ист проект.

Поврзани новости