Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека пристигнал во Саудиска Арабија, каде што ќе разговара со саудискиот принц Мохамед бин Салман.
„Првата тема е Формулата за мир. Минатата година во Џеда одржавме ефективен состанок на советниците за нејзиното спроведување. Сега се приближуваме до првиот мировен самит и се потпираме на активната поддршка на Саудиска Арабија“, рече Зеленски.
I have arrived in Saudi Arabia to continue our regular dialogue with His Royal Highness Crown Prince Mohammed bin Salman.
The first topic is the Peace Formula. Last year in Jeddah, we held an effective advisors' meeting to discuss its implementation. We are now nearing the first…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 27, 2024
Тој додаде дека друга тема на разговор ќе биде ослободувањето на воените заробеници и депортираните.
„Раководството на Кралството веќе придонесе за ослободување на нашиот народ. Убеден сум дека и оваа средба ќе даде резултати“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Х.
Дополнително, претставниците ќе разговараат за економската соработка меѓу двете земји и учеството на Саудиска Арабија во обновата на Украина.