Зеленски вели дека Украина вратила повеќе места во близина на Харков

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека украинските сили повторно зазеле неколку места во регионот Харков во североисточна Украина од руските сили, без да даде други детали.

– Оваа недела имаме добри вести од Харковската област, рече Зеленски во своето видео-обраќање објавено на социјалните мрежи.

Одбивајќи да наведе имиња, тој рече дека тоа се места каде што се вратило украинското знаме.

Во последните денови набљудувачите информираа за наводен продор на украинските сили во регионот Харков, но оваа информација не можеше да се потврди од независни извори.

Украина веќе една недела спроведува контраофанзива на југот на својата територија, за која исто така тврди дека е успешна, додека Москва тврди дека му нанесува големи загуби на противникот.

Регионот Харков е под делумна окупација на руската армија од почетокот на инвазијата на 24 февруари. Истоимениот град, втор по големина во Украина, редовно е цел на гранатирање, но руските сили не успеаја да го заземат.

Поврзани новости