Алкараз го доби маратонот со Синер

by Fokus

Шпанецот Карлос Алкарас го победи Италијанецот Јаник Синер во четвртфиналето на УС Опен со 3:2, по сетови: 6:3, 6:7, 6:7, 7:5 и 6:3. Натпреварот траеше 5 часа и 18 минути.

Шпанецот сервираше пет аса и исто толку двојни грешки. Тој конвертира 10 од 25 брејк-точки.

Синер имаше осум асови и 11 двојни грешки. Тој претвори седум брејк топки од 16 шанси.

Во 1/2 финалето Алкараз ќе се сретне со Американецот Френсис Тиафо. Во второто полуфинале на турнирот Русинот Карен Хачанов ќе игра со норвешкиот тенисер Каспер Руд.

Вкупен награден фонд на Грен слемот во Њујорк изнесува 60 милиони долари. 

Поврзани новости