Зеленски: Умеров ќе ја предводи делегацијата за преговори со руската страна

by irena 11:43
11:43

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес објави дека делегацијата за преговори со Русија ќе ја предводи секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана, Рустем Умеров.

„Шефот на кабинетот, Андриј Јермак, ги информираше партнерите во Европа и Соединетите Американски Држави за координацијата на нашата дипломатска работа. Наредив формирање делегација за преговори со руската страна. Делегацијата ќе ја предводи Рустем Умеров, а во делегацијата ќе бидат вклучени претставници на украинската разузнавачка служба, Министерството за надворешни работи на Украина и Кабинетот на претседателот“ – напиша Зеленски на својот Телеграм канал, пренесува украински Интерфакс.

Како што изјави, за време на состанокот, Умеров достави извештај за спроведувањето на договорот од втората средба со руската страна во Истанбул и договорот за нова средба во блиска иднина.

Слични вести