Зеленски: Украина нема да отстапи дел од својата територија заради постигнување мир

by Fokus

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски повтори дека земјата нема да отстапи дел од својата територија заради постигнување мир.

„Не, тоа е наша територија“, рече Зеленски во интервју за американската мрежа CBS.

Рече дека Украина ќе напредува и ќе ослободи територии дури и кога ќе помине убавото време.

Зеленски призна дека украинската армија се соочува со тешка ситуација на фронтот и дека контраофанзивата не напредува доволно брзо.

Рече и дека светскиот поредок се брани во војната во Украина.

„Ако Украина падне, што ќе се случи за 10 години? Ако (Русите) стигнат до Полска, што е следно? Трета светска војна?“, праша Зеленски.

Поврзани новости