Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руска наведувана ракета погодила центар за трансфузија на крв во градот Купјанск во источниот регион Харков.
„Има мртви и повредени. Ова воено злосторство кажува сè за руската агресија. Ѕверови кои уништуваат сè што ни овозможува да живееме“, напиша тој на својот канал Телеграм.
Зеленски додаде дека службите се обидуваат да го изгаснат пожарот на местото на нападот.
Украинскиот претседател претходно објави дека Русија повторно истрелала проектили кон Украина.
-Воздушни напади звучеа низ целата земја, а цел на Русите беше фабриката Мотор Сич во Запорожје – рече Зеленски.
Тој не кажа дали е оштетена фабриката која произведува делови за авиони и хеликоптери.
-Некои од проектилите беа соборени благодарение на нашите ловци за противвоздушна одбрана – рече тој.
Бројот на напади се зголеми на двете страни откако Москва се повлече од договорот постигнат со посредство на ОН во средината на јули, кој дозволи извоз на украинско жито.