Курти доаѓа во Тетово и Чаир, ќе го прeчекаат Касами, Ганиу и Меџити

by Фокус

Косовскиот премиер Албин Курти во петок ќе им биде гостин на градоначалниците на Тетово и на Чаир, Биљал Касами и Висар Ганиу.

Курти најпрво ќе пристигне во Тетово. Откако ќе се сретнат и ќе разговараат во општината, Касами и Курти ќе го посетат селото Вејце, каде, според најавите, ќе ја промовираат идејата за поврзување на Тетово и Призрен со регионален пат.

Потоа, на централниот плоштад Илирија ќе се одржи културно забавна манифестација посветена на доаѓањето на косовскиот премиер во Тетово. На овој настан, како што информираат од Кабинетот на Курти, ќе учествуваат повеќе актери и музичари, а свој настап ќе има и познатиот бенд „Елита-5“.

Во Чаир, премиерот на Косово, Албин Курти е предвидено да се сретне со градоначалникот Висар Ганиу, но и со Изет Меџити, основач на новата политичка партија „Демократско движење“.

Со Ганиу ќе ја отворат улицата која го носи името на албански патриот и деец Адем Демачи, додека со Меџити ќе разговараат за политичките случувања во земјава, со акцент на активностите кои ги предвидува политичката партија која по заминувањето од ДУИ ја формира нивниот поранешен потпретседател.

Поврзани новости