58
Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, кажа дека над 31 илјади украински војници и десетици илјади цивили се убиени во војната.
Зеленски одржа прес-конференција во Киев на двегодишнината од руската инвазија, велејќи дека се надева дека напролет ќе има самит на светските лидери во Швајцарија.
-Не 300.000, не 150.000, ниту, како што лажеше Путин и неговиот измамнички круг. Но, сепак, секоја од овие загуби е голема жртва за нас – рече тој.