Скопјанец со пиштол и се заканувал на сестрата

by Фокус

Полицијата извести дека вчера на подрачјето на Гази Баба полициски службеници го уапсиле Т.Т.(62) од Скопје поради тоа што во домот со пиштол и упатувал закани на неговата 63-годишна сестра.

Од него бил одземен пиштол „Црвена Застава м-70“, една рамка за пиштол со осум куршуми и дозвола за поседување на оружје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани новости