Зеленски: Имаме напредок во Северодонецк, но ситуацијата во Донбас не е променета

by fokus

Претседателот на Украина Володимир Зеленски спомена некои успеси на вооружените сили на земјата во борбите против руската армија и сепаратистите за контрола на источниот град Северодонецк.

„Ситуацијата во Донбас не е значително променета во последните 24 часа“, рече тој во традиционалното полноќно видео обраќање, пренесе Ројтерс.

Зеленски го осуди „апсолутно бесмисленото гранатирање“ на северните украински погранични области на Русија.

„Целата привремено окупирана територија на нашата земја сега е зона на целосна катастрофа, за која Русија е целосно одговорна“, рече тој.

Украинскиот претседател му се заблагодари на американскиот колега Џо Бајден за ветените модерни ракети. Очекувам добри вести за испораките од другите партнери, додаде тој.

Поврзани новости