Зеленски им пушти звук од сирена на Германците: Без вас Русите ќе пропаднат

by Фокус

Украинскиот претседател Володимир Зеленски апелираше до Германија да го спаси Киев и во последното обраќање преку телевизија.

-Киев порано го нарекуваа „новиот Берлин“, тоа се градови со сличен дух, отвореност, емоции, слобода, искреност на луѓето. Сега Киев е затворен. Тој тивко чека нови сирени за воздушен напад за да ги принуди луѓето во засолништа – рече Зеленски.

Тој објави снимка од 20 секунди од сирената за воздушен напад, нарекувајќи ја звук што Украинците го слушаат со „часови, денови и недели“.

-Звукот на сирената е нешто со кое Украинците живеат, работат и се обидуваат да спијат. Тие ги лекуваат раните, раѓаат бебиња и умираат. И Европа и особено Германците имаат моќ да вршат притисок врз Русија – рече Зеленски.

Тој им рекол на Германците дека без нивната „трговија, компании и банки, Русија нема да има пари да ја финансира оваа војна“.

Поврзани новости