Зелените ја обвинија Меркел дека ја кочи Македонија: Целта и е да ја донесе Нова Демократија на власт

by fokus

Највпечатлив настап при денешната дебата во германскиот парламент (Бундестаг) за пристапниот протокол за С. Македонија во НАТО имаше пратеникот од опозициската партија Сојуз 90-Зелени, Јирген Тритин, објави 360.

Тој ја искористи дискусијата за протоколот за НАТО да ја обвини владејачката коалиција на десничарската ЦДУ-ЦСУ (на канцеларката Ангела Меркел) и левичарската СДП за неединство во однос на прашањето за почеток на преговори за членство на С. Македонија во ЕУ. Тритин отиде и чекор понатаму и изрази сомнеж дека намерата на партијата на Меркел е да го одолговлекува прашањето за преговори со С. Македонија до доаѓање на власт на Нова Демократија (на Кирјакос Мицотакис) во Грција што би значело блокада на земјава за ЕУ на долг рок.

Пратеникот на зелените ја обвини германската влада дека краткиот рок меѓу објавувањето на извештајот на ЕК и пленарното заседание на Бундестагот воопшто не бил пречка за прашањето за С. Македонија да се стави на дневен ред.

На неодамнешните европски избори партијата на зелените во Германија постигна историски успех, освојувајќи го второто место (веднаш зад ЦДУ-ЦСУ) со 20,5% од гласовите.

Дискусијата на Јирген Тритин погледнете ја тука.

Поврзани новости