Зелените имаат предност во однос на конзервативниот блок во Германија

by Фокус

Партијата Унија 90/Зелени, која моментно се наоѓа во опозиција во германскиот Бундестаг, има предност во однос на владејачката коалиција на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), на која припаѓа и германската канцеларка Ангела Меркел.

Вкупно 27 отсто од гласачите во Германија се подготвени да ги поддржат Зелените, а 24 проценти блокот ЦДУ / ЦСУ, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од Институтот за социологија Кантар, нарачано од „Бил дам Сонтаг”.

Истовремено, друг социолошки институт – ИНСА објави податоци од анкетите спроведени на 27 април, според кои еднаков број гласачи, по 23 отсто, се подготвени да ги поддржат и Зелените и блокот ЦДУ / ЦСУ.

По нив следуваат социјалдемократите, кои сега, исто така, се дел од владејачката коалиција. Според Кантар, Германската социјалдемократска партија ја поддржуваат 15 проценти од испитаниците, а според ИНСА – 16 отсто.

Популистите од Алтернатива за Германија, кои во својата изборна програма бараат земјата да се откаже од еврото и да ја напушти Европската унија, моментно, според анкетите, имаат поддршка од 10 отсто (Кантар), односно 12 процента (ИНСА).

Поврзани новости