„Зелен хуман град“ бара кандидати за скопски советници

by fokus

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ информира дека од денеска во рамки на платформата „Мој град“, го стартува концептот „Мој кандидат“ преку кој граѓаните на Скопје ќе имаат можност да поднесат своја кандидатура за да станат дел од независната листа на коалицијата „Зелен хуман град“ за претстојните локални избори за членови на Совет на Град Скопје.

„За првпат во историјата на организирање избори во Македонија, корисниците на „Мој Град“ ќе може директно да гласаат за пријавените кандидати врз база на нивната апликација, а оние кандидати со најмногу гласови ќе добијат можност лично да го претстават својот профил и ставови пред членовите на ЗХГ, како финален чекор пред влегување на листата“, соопштија од „Зелен хуман град“.

Крајниот рок за пријавување преку „Мој Кандидат“ е 1 август на полноќ.

Поврзани новости