Села до Заев и Ахмети: Изберете ден кога сакате да изгубите

by fokus

Изборите треба да се одржат на 17 октомври според Уставот и овој датум е наш предлог, велат од опозициската Алијанса за Албанците откако премиерот Зоран Заев денеска изјави дека добро би било изборите да се одржат на 31 октомври за пописот да не се поклопи со кампањата за изборите.

„Алијанса за Албанците е спремна да победи на избори кога и да се одржат тие. Не гледаме основна причина за одложување на датумот, но и најавите за ситуацијата со пандемијата не одат во прилог на одложување на изборите. Го разбираме и стравот на партиите од власта кои бараат начин да купат време со надеж дека нешто ќе се промени. Ние им велиме на СДСМ и на ДУИ изберете го датумот кога сакате да изгубите“, велат од партијата на Зијадин Села.

Поврзани новости