ВИДЕО Големи поплави и во Кина

by fokus

Поради обилните дождови во центалната кинеска провинција Хенана, се излеаја најголемите реки и поплавени се улиците на десетици градови, а патниците во подземната железница останаа заробени во вода до појасот.

Хенан, густо населената покраина двојно поголема на пример од Австрија, од викендот е погодена од невреме во невообичаено активната сезона на дождови.

Засега нема извештаи за загинати или настрадани, но секојдневниот живот во регионот со 94 милиони жители е нарушен со прекини во сообраќајот.

Во Женгжу, главниот град на Хенан на бреговите на Жолтата река, во вторникот за еден час наврнале повеќе од 2000 мм дожд, принудувајќи ги градските власти да ги прекинат целосно сообраќајот во подземната железница.

Во Ружу, југозападно од Женгжу, на улиците поројот ги носел автомобилите и другите возила. Реката Ји, чиј водостој се зголемува, му се заканува на Лонгмен, кој е под заштита на УНЕСКО и таму се наоѓаат илјадагодишните статуи на Буда.

Поврзани новости