Зекири: Се слушаш ли Џафери што зборуваш?

by fokus

Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири на својот Фејсбук профил објави видео и статус во кој ги споредува изјавите кои ги даде собранискиот спикер, Талат Џафери, а во врска со седницата на која требаше да се гласа за имунитетот на Вељаноски.

Зекири вели дека Џафери не е конзистентен и дека на седницата збореше едно, а потоа тврди друго.

„Се слушаш ли себеси Талат Џафери?!! „Немам предмет за гласање“, а на седницата „јас деловнички треба да применам на гласање во моментов…“

Како што изгледа пиел многу па заборава од момент на момент што збори

СРАМОТА“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

E ndegjon veten çka flet Talat Xhaferi?!!!“Nuk kam lend per votim”, ndersa ne seance “Јас деловнички треба да преминам на гласање во моментов”…Si dikut ka pire 🍺🍺🍺 shume e harron nga momenti ne moment cka flet… ccccTURP

Publiée par Muhamed Zekiri sur Mardi 26 février 2019

Поврзани новости