Зекири: Федерализацијата е владина пропаганда

by Fokus

Нема никакви опасности од федерализација. Македонија е едно општество и ќе биде едно општество, еднакво за сите граѓани, за тоа се залага СДСМ, вели Мухамед Зекири  во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Според него, Македонија не оди кон никаква федерализација, туку ВМРО-ДПМНЕ немало што да им понудат на сопствените гласачи и на граѓаните во Македонија, затоа се занимавале со такви теми.

– Работата со двојазичноста е решена уште со Рамковниот договор, тоа е решено во Уставот на Република Македонија. Претседателот на СДСМ не кажа ништо друго освен тоа што е предвидено во Уставот на Република Македонија. Друг е проблемот што ВМРО-ДПМНЕ, заедно со нивниот коалициски партнер ДУИ, ја користеа таа тема за да подгреваат етнички тензии. Ништо не треба друго, освен да се почитува Уставот. СДСМ не кажува ништо дополнително од тоа, освен што предвидува Уставот – тврди Зекири.

Тој дадава дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ  биле махери за да подгреваат етнички тензии и тие се уште мислеле да играат на националистичка карта.

– Може да замислете какви беа реакциите во нашето општество во 2001 кога се потпишуваше Охридскиот договор. Демек ако се потпише тој договор – готово ќе ја снема Македонија. Еве кај сме. Македонија е и таква ќе остане, значи нема никакви опасности од федерализација. Македонија е едно општество и ќе биде едно општество, еднакво за сите граѓани, за тоа се залага СДСМ и со таа опција излегува пред граѓаните на Република Македонија – вели Зекири.

Поврзани новости