Пратеникот Мухамед Зекири од редовите на СДСМ во денешната дебата на Канал 5 му рече на Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ дека на 27 април кога насилници упаднаа во Собранието и тепаа пратеници, ВМРО-ДПМНЕ сакале да предизвикаат војна и конфликт.
-Единствените што ја сакаат, и најмногу ја сакаат Македонија во овој период, ја сакаат унитарна, таква цела каква што е, е албанската етничка заедница во Македонија. Вие не ја сакавте, вие сакавте да ја втурнете во војна и во конфликт со сето тоа што го направивте и што доведе до 27 април. Албанците, граѓаните и членовите на СДСМ беа присебни, не реагираа и не подлегнаа на провокациите што вие ви направивте на 27 април, му рече Зекири на Ѓорчев.
Зекири додаде на СДСМ никогаш нема да дозволи да се наруши унитарноста на Македонија.