Балетанките на „Гришко“ завршија на депонија, од фабриката велат поради техничка грешка

by fokus

Откако вчера на социјалните мрежи беа објавени фотографии од балетанки од странската инвестиција „Гришко“ фрлени на депонија, денеска од фабриката тврдат дека балетанките се фрлени, бидејќи биле со техничка грешка при производството. Од фабриката велат дека продолжуваат да работат без никаков застој или финансиски проблеми.

-Причината поради која балетанските обувки завршија на депонија е од технички карактер. Тоа се дефекти кои настанале во производството, станува збор за рачна изработка. Сите големи компании во случај на грешка од технички карактер ги повлекуваат назад своите дефектни производи и истите не смеат да бидат пуштени во продажба. Се работи на нарушување на технологијата во производство од страна на вработените. Поради тие причини обувките се класирани како дефект. Станува збор за обувки кои се внимателно сортирани и се собрани од изминатите три-четири години. Бројот на вработени е непроменет. Фабриката ќе работи нормално по нормален тек. Продажбата ќе се одвива како и досега, велат од „Гришко“.

Компанијата „Гришко“ уште во 2013 година од тогашната влада беше најавувана како гринфилд инвестиција од светски реномирана руска компанија за производство на балетска опрема која ја отвори првата фабрика во селото Слепче. Таа инвестиција првично овозможи вработување на 80 луѓе со ветување дека ќе обезбеди егзистенција на уште други стотина семјства од овој регион.

ФОТО: Бриф

Поврзани новости