Здружението од Охрид „Цар Борис Трети“ има поднесено барање до Централниот регистар за промена на името согласно измените во Законот за здруженија и фондации.
Од Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола, пак, на ден пред истекот на рокот, се уште немаат доставено барање за измени.
Од Централниот регистар за МИА потврдија дека на 10 февруари е доставен допис со барање за усогласување на работата на Здружение за афирмација на културните вредности на македонските Бугари „Цар Борис Трети“ Охрид и дека постапката è во тек. За здружението „Иван Михајлов“ од Битола досега не е поднесено барање.
Според постоечката легислатива, доколку двата клуба не го сменат името, треба да заседава владината Комисија и да донесе став, што потоа треба да биде доставен до Министерството за правда и врз основа на тоа министерот да донесе одлука. Доколку одлуката е негативна, здружението треба да биде избришано од Централниот регистар.