Здружението – донатор на споменици секоја година добивало пари од Владата!

by lali 11:00
11:00

Здружението на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, чиј претседател е Ташко Јованов и кое донира пет споменици како дел од проектот Скопје 2014, грантови за невладини организации од Владата добило и во 2010, 2012 и 2013 година за ист проект!

„Фокус“ веќе објави дека Владата и во 2009 и во 2011 на ова здружение му доделила грантови од вкупно 10.000 евра.

- Advertisements -

Според досегашните податоци од Службен весник и од веб страницата на Одделението за соработка со невладини организации при Генералниот секретаријат на Владата, досега, ова здружение од буџетот на Владата добило вкупно 25.000 евра.

Во 2010 година, Здружението кое сега се јавува како донатор на пет споменици, добило грант од Владата за истиот проект како што добило и во 2011 година. Под ставката „Интеграција во НАТО и ЕУ“, здружението добива 5 илјади евра за проектот „културниот идентитет на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија како фактор за јакнење на довербата меѓу македонскиот и грчкиот народ“.

Неизвесно останува зошто Владата постојано давала пари за ист проект, а невозможно е да се дознаат и резултатите од проектот и начинот на кој биле потрошени парите бидејќи Владата не ги објавува јавно и транспарентно тие податоци.

Во 2012 година, Здружението на Јованов повторно добива грант од македонската Влада. И овојпат, станува збор за истиот проект, со ист назив!

Истото се случува и во 2013 година.

Поврзани новости