Здружение за цистична фиброза: Кај нас болните живеат 13 години, а во Европа 35

by Фокус 18:34
18:34

Просечниот животен век на лицата кои боледуваат од цистична фиброза во земјава е дупло помал од просекот во европските земји, реагираат од Здружението за цистична фиброза. Според нив просечниот животен век на болните од цистична фиброза во Македонија е 13 години, додека овој просек во Европа е над 35 години.

Од здружението велат дека овие болни и натаму се соочуваат со проблемите при набавка на лекови, а голем дел од нив пак не можат да ги набават ниту оние кои финансиски се помоќни.

- Advertisements -

Од Клиниката за детски болести пак, велат дека државата превзема се што е во нивна надлежност и дека проблемите не се толкави како што се претставуваат.

 

Поврзани новости