Доналд Туск на пладне треба да пристигне во Македонија

by Фокус

Доналд Туск, претседателот на европскиот совет, на пладне треба да пристигне во Македонија. Целта на неговата посета е да се запознае со состојбата со бегалците и мигрантите, особено откако беа воведени новите селективни мерки во Македонија, Србија, Хрватска и Словенија. Туск денеска треба да се сретне со премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорѓе Иванов.

Синоќа при посетатата во Белград, на средбата со српскиот премиер Александар Вучиќ, Туск нагласи дека Европската унија работи на тоа да ги осигура надворешните граници во Грција и на грчко-македонската граница да се постават сили на европската полиција Фронтекс која треба да ги регистрира мигрантите и да направи скрининг. Оваа мерка би требало да го намали приливот на мигранти во Србија.

Поврзани новости